Премиерот Мицкоски и посака успех на Албанија: Mожеби еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат на траекторија кон членството во Европската Унија

mickoski34-2

Maкедонскиот премиер Христијан Мицкоски посакува многу успех на западниот сосед Албанија и вели дека можеби еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат на траекторија кон членството во Европската Унија(ЕУ). 

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Мицкоски денеска изјави дека уште кога бил во посета на Брисел било најавено дека најверојатно Албанија ќе ги почне преговорите и ќе се одвои од нашата држава, но нагласи дека тоа е лоша порака кон македонските граѓани, затоа што државата во, како што рече над дводецениски пат кон интеграција во ЕУ сторила многу работи, повеќе од која било кандидатка или актуелна членка, а кои најчесто немаат никаква врска со Копенхагенските критериуми.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Ние сме единствениот случај во кој билатерални договори се услови во Преговарачка рамка. Жалам што претходната Влада егизбиционистички прифаќаше се, мафташе со европско знаме додека го ограбруваше сопствениот народ“, вели тој. 

Нагласи дека сегашната поставеност на работите во однос на нашето членство е диктат и оти тој својот став го пренел и на средбите во Брисел.

„За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш тоа го кажав и во Брисел – не благодарам, тоа не се европските вредности во кои мојата генерација се вљуби, а тоа се оние вредности, кои ги дефинирале Аденауер, Дегаспери и Шуман и затоа ја споделив идејата, ајде да разогвараме, немојте со диктат, не не условувајте со диктат, јас сакам да разговараме колку е потребно да најдеме решение, очигледно сега немаме решение“, нагласи Мицкоски.

Повторно се повика на принципот „Pacta sund servanda”, кој како што рече, ако важи за Преспнскиот договор, треба да важи и за Договорот за добрососедство со Бугарија.

Бугарите се закануваат дека Македонија треба да ги внесе бугарите во уставот или нема да продолжи по европскиот пат. Претходно, Украина и Молдавија почнаа преговори со ЕУ. Во 2005 година Македонија доби статус кандидат. 

Можеби ќе ве интересира: