Премиерот Мицкоски му честиташе на Доналд Трамп за победата: Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски упати честитка до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на САД.

„Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.

Agria

Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.

Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.

Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.

Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ! – пишува Мицкоски на Фејсбук.

 

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Јаневска: Учебници од септември ќе има
САД и Кина постигнаа рамковен договор за трговскиот спор
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања