Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев добил негативен резултат на Ковид-19, откако самиот Заев најави дека ќе се тестира, откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е заразен со коронавирусот.
„Денеска го добив резултатот од тестот за ковид-19 и тој е негативен. Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со ковид-19“, пишува Заев.
Итно е потребна крвна плазма за велешанецот Димче Андов
Инаку, премиерот Заев, заедно со министерот Оливер Спасовски во текот на вчерашниот ден беа на велешкото езеро Младост, каде што по повод јубилејот 75 години од основањето на ООН, засадија садници на опожарениот предел.
Можеби ќе ве интересира: