Премиерот Заев се сретна со американскиот претседател Џо Бајден, го поканил да ја посети земјава

Bajden-Zaev

Стратешкото партнерство на Северна Македонија со САД го развиваме и преку можностите кои ни ги нуди НАТО Алијансата. Денес на маргините на Самитот на НАТО во Брисел имав краток разговор со Претседателот на САД Бајден, што беше одлична прилика да го потврдиме сојузништвото во демократските иницијативи, во глобалната безбедност и во новите регионални економско-енергетски проекти во кои Северна Македонија има суштинско учество, објави премиерот Зоран Заев, кој моментално се наоѓа во Брисел на НАТО самитот.

Zito akcija 640x289px

„Се видов и со претседателот Бајден, имавме прилика да поразговараме, разговорите беа прво за нашата енергетска поврзаноста, којашто ја правиме заедно кое го правиме преку проектот Александрополи, тоа е американско-грчки-македонски проект, но поразговаравме и за неговата посета на Западен Балкан. Ја искористив приликата да го поканам, секако тој позитивно искоментира, кажувајќи ми дека го знае Западен Балкан, работел за Западен Балкан, ја има целата поддршка на Соединетите Американски Држави и секако во неговата агенда ќе планира некоја посета. Позитивно беше што беше информиран веднаш и веднаш честиташе за нашето членство во НАТО“, изјави Заев за МИА.

Agria

Македонскиот премиер Заев, покрај средбата со американскиот претседател Бајден, оствари низа други билатерални средби со лидерите на земјите членки на НАТО на овој самит, кој е и првиот за земјава откако таа е полноправна членка на НАТО Алијансата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21505/planinarskiot-marsh-za-raczin-od-veles-do-lopushnik-se-odrzha-i-godinava/