
Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.
Содржината продолжува под рекламата
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 40 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.
Содржината продолжува под рекламата
Во Велес претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.
Можеби ќе ве интересира:
- Затворски наместо куќен притвор за осомничениот за нападот врз градоначалничката Данела, прифатена е жалбата на Обвинителството
- 500 евра минималец во соседна Србија, од јануари ново покачување
- Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули
- Шестмина членови на криминалната група Грчец добија затворска казна од вкупно 50 и пол години
- На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 20 минути