Денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на попладневните часови претежно во западните делови на земјава, се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе се движи од 27 до 34 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 7.
И во текот на утрешниот ден се очекува во попладневните часови претежно во западните делови да има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време.
Можеби ќе ве интересира: