Во футсал првенство на Македонија односно Првата лига, викендов ќе се играат натпреварите од 17 претпоследно коло. Велешкиот тим Кеги Моби утре, понеделник, со почеток од 19 и 30 часот ќе го пречека составот на Црна Река од Кавадарци.
Содржината продолжува под рекламата
Со победа велешани најверојатно ќе си го осигураат опстанокот во Првата футсал лига. До крајот на првенството останува уште едно коло а велешани гостуваат во Кавадарци кај екипата на Клими. Од поодамна шампионската титула ја освои екипата на КМФ Форца.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Гемиџии“ со почеток од 19 и 30 часот. Од клубот ги повикуваат сите љубители на спортот да дојдат и да му дадат подршка велешкиот клуб.
Можеби ќе ве интересира: