
На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени“, соопштија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Можеби ќе ве интересира:
- Пресуда: 11 месеци затвор за таткото кој физички нападна двајца млади фудбалери
- Возач од село Иванковци фатен со 2,84 промили алкохол на патот Штип–Велес
- Четврто коло од Општинската фудбалска лига, победи за Врановци, Младост и Локомотива
- Тополка го направи сефтето, прва победа во сезоната
- Денес се чествува Света Петка – празник на молитви, традиција и семејна слава


















