Претседателот на државата со честитка за големиот празник Пресвета Богородица

pendarovski
pendarovski

Претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Zito akcija 640x289px

„Дозволете ми, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, на сите верници од православна вероисповед да им упатам најсрдечни честитки со искрена желба празникот да го минат во добро здравје и во благосостојба,  исполнети со љубов и со хармонија“ вели Претседателот во честитката.

Agria

Тој нагласи дека како еден од најзначајните празници посветен на Мајката Божја, Успение на Пресвета Богородица се прославува со особена радост во храмовите и во домовите на верниците.

„На големите собири кои традиционално се организираат за празникот, верниците ја делат трпезата и радоста со ближните и покажуваат грижа и солидарност. За жал, со оглед дека сè уште сме во екот на пандемијата со Ковид-19 која е огромна закана за нашите животи и за нашето здравје, годинава ќе мораме да го прославиме празникот одговорно и дисциплинирано, спроведувајќи ги сите правила и препораки. Верувам дека поинаквото секојдневие и видоизменетиот начин на практицирање на нашата вероисповед нема да ја разниша, туку напротив ќе ја зголеми нашата вера и духовност“ вели претседателот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: