Претседателот на ФИФА упати телеграма со сочувство за смртта на Кирил Дојчиновски

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино упати телеграма со сочувство за смртта на еден од најголемите македонски фудбалери во нашата историја, големиот Кирил Дојчиновски, информираа денеска од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Zito akcija 640x289px

Во телеграмата до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и целото македонско фудбалско семејство, првиот човек на светскиот фудбал изразува длабоко сочувство до семејството, истакнувајќи дека Кирил Дојчиновски е вистинска легенда на југословенскиот фудбал и еден од најголемите во неговата генерација.

Agria

-Ќе ни недостасува неговата фудбалска големина, лидерството, но уште повеќе човечката и хуманата величина на Кирил Дојчиновски, велат од ФФМ.

Дојчиновски почина на 79-годишна возраст.

Кариерата ја започна во Вардар, одигра 190 натпревари за Црвена Звезда, а играше и за Троа и Париз. Шест пати го носеше репрезентативниот дрес на поранешна Југославија.

По играчката кариера беше тренер на Ел Савладор, Вардар, Ираклис, Македонија и Пелистер.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: