Претседателот Стево Пендаровски најави дека Македонија нема да остане само на зборови, туку ќе испрати конкретна помош во Турција по земјотресот што утрово ја погоди јужна Турција.
Содржината продолжува под рекламата
Изразивме сочувство за земјотресот во Турција. Добивме информација дека има и втор земјотрес, многу жртви и ужасна деструкција. Сакам уште еднаш да испратам сочувство до сите погодени и да објавам дека македонската Влада и ние како држава нема да останеме само на зборови, туку ќе пружиме конкретна помош, изјави Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката на Унгарија Каталин Новак.
Содржината продолжува под рекламата
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска на нејзиниот Фејсбук-профил изрази сочувство и најави подготвеност за помош во тешките моменти за Турција. Министерката за одбрана, Славјанка Петровска на нејзиниот Фејсбук-профил изрази сочувство и најави подготвеност за помош во тешките моменти за Турција.
Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување на колку може повеќе човечки животи, објави Петровска на Фејсбук и додава дека нашиот народ знае што значи солидарност и подадена рака во тешки моменти кога ни е најпотребна.
Најмалку 912 луѓе загинаа во Турција во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, остро ревидирајќи ги претходните бројки. Тој додаде дека во земјотресот се повредени 5.383 луѓе.
Со најмалку 326 луѓе кои загинаа во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, ова го става бројот на загинати во најмоќниот потрес во регионот во речиси еден век на повеќе од 1.200.
Можеби ќе ве интересира: