Американскиот претседател Доналд Трамп предложи тој и Џозеф Бајден кој е негов против кандидат, да направат допинг-тест пред нивната прва дебата која е закажана за идниот месец.
Трамп во интервју за весникот „Вашингтон егземинер“, Трамп вели дека забележал ненадејно подобрување во јавните настапи на Бајден, што предизвикало сомнеж кај него.
На новинарско прашање дали има некаков доказ дека неговиот противкандидат користи нешто, претседателот Трамп само кусо одговорил: „Јас сум прилично добар во овие работи“.
Во во 2016 година, пред финалното ТВ-соочување, сегашниот претседател Трамп побара од тогашната негова противкандидатка Хилари Клинтон да направи допинг тест бидејќи, како што посочи, нејзиното однесување се променило.
Првата дебата во која се вклучени Доналд Трамп и Џо Бајден е закажана за 29 септември. Следните две се на 15 и 22 октомври.
Можеби ќе ве интересира: