Претставата „Едвард Втори“ на велешки театар изведена на фестивал МЕСС во Сараево

edvard-vtori-prestava

Вчера на сцената на Народно Позориште Сараево, во рамките на официјалната селекција на 64. Интернационален театарски фестивал МЕСС во Сараево, Босна и Херцеговина, беше изведена претставата на велешкиот театра „Едвард Втори“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Претставата „Едвард Втори”, според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, е копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во претставата играат: Борис Крстев и Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. Сценографијата е на Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, а костимите се на Симон Мачабели и Раде Василев.

Можеби ќе ве интересира: