Во велешкиот театар утре, 25 јануари, со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Кучешко срце“, според Михаил Булгаков, во режија на Ѓорѓи Ризески, во копродукција со независна продукција „Вортекс“.
Содржината продолжува под рекламата
Актерската екипа ја сочинуваат: Никола Милошевски, Илин Јовановски, Матеј Стојковски, Ива Петровска, Кристина Гиева, Ванеса Тримчевска, Тодор Стојковски. Композитор е Алмир Бајрамоски, кореограф е Сања Русеска, дизајн-фотографија и видео Александар Арсовски.
Содржината продолжува под рекламата
Сценографијата и дизајнот е на Филип Коруновски, а музичкиот избор е на режисерот Ѓорѓи Ризески.
Можеби ќе ве интересира: