Изабраниците на Димче Маневски и по осум кола останува единствена непоразена екипа во Третата фудбалска лига – Југ. Денес на стадионот во велешката населба Превалец домашниот состав ја совлада екипата на Локомотива од Градско со 3:1.
Содржината продолжува под рекламата
Стрелци на головите за Превалец беа Ангел Гаштев, Живко Ѓорѓиевски, Бобан Дукадиновски, додека единствениот гол за гостите го постигна Марјан Стефановски.
Содржината продолжува под рекламата
По осум одиграни кола, Превалец има 17 освоени бода, или еден помалку од лидерот Големо Коњари. Во следното коло Превалец гостува кај последнопласираната екипа Бучин.
Можеби ќе ве интересира: