Фудбалерите на Превалец врзаа три победи по ред и полека се приближуваат кон врвот на табелата. Вчера на стадионот во Превалец домашните го декласираа тимот на Младост 1930 со 7:1.
Резултатот го отвори Антонио Чоков во 28 минута, а истиот играч погоди и во 84 минута. За Превалец стрелаа уште Кристијан маневски два пати во 68 и 88 минута, Пеце Стојанов во 42 минута, Ристе Крстев во 61 минута и Живко Ѓоргиевски во 81 минута. Почесниот гол за Младост 1930 го постигна Филип Степановски во 70 минута.
Содржината продолжува под рекламата
По шест одиграни кола ва Третата фудбалска лига Југ, екипата на Превалец се наоѓа на четвртата позиција со освоени 13 бода, пет помалку од лидерот Вардар Неготино. Во следното коло Превалец гостува кај екипата на Канатларци, која се наоѓа на деветата позиција со освоени два бода.
Можеби ќе ве интересира: