Викендов ќе се одигра осмото коло од Третата фудбалска лига – Југ. Единствената екипа која е непоразена во првенството, составот на Превалец ќе ја пречека екипата на Локомотива од Градско.
Содржината продолжува под рекламата
Борец по минатонеделниот неочекуван пораз на домашен терен од Големо Коњари, ќе се обиде да се рехабилитира со победа во Кривогаштани против екипата на Младост.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите натпревари Марена ќе го пречека составот на Росоман, во Крушево Питу Гули ќе го пречека Бучин, лидерот Големо Коњари ќе го пречека составот на Ултрас, додека екипата на Слога Лажани ова коло е слободна. Натпреварите ќе се одиграат во недела со почеток од 13 часот.
Можеби ќе ве интересира: