Фудбалерите на Превалец со победата на гостувањето во село Долни Дисан против екипата на Венец со резултат 4:1, ја продолжи потерата по лидерот на табелата Големо Коњари.
Гостите од Велес беа поквалитетен противник во текот на целиот натпревар, па заслужено ги освоија трите бода. Головите за Превалец ги постигнаа Кристијан Маневски, Ангел Гаштев, Димче Ставревски и Павле Петров.
По 19 одиграни кола во Третата фудбалска лига – Југ, Превалец се наоѓа на второто место со 38 освоени бода, три помалку од лидерот Големо Коњари кој има освоено 41 бод. Во наредното Превалец е слободен.