Превалец со пораз го заврши есенскиот дел

Sloga LAzani Prevalec

Фудбалерите на Превалец со пораз го завршија есенскиот дел од Третата фудбалска лига – Југ. Во прилепското село Лажани беа совладани од екипата на Слога со резултат 3:2, полувреме 1:1.

Zito akcija 640x289px

Домашните поведоа преку Музафер Алиоски 20. минута, додека пак Ангел Гаштев постигна гол за 1:1 во 34. минута. Во вториот дел Белмин Кујовиќ постигна гол за 2:1, а Алиоски со втор гол обезбеди предност од 3:1. Во 77. минута Антонио Чоков стрелаше за конечни 3:2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Многу борбен натпревар, во кој домашните повеќе ја посакуваа победата. Настапивме со многу изменет состав заради повреди, картони и останати причини. Нема оправдување за поразот. Не одигравме на висина на задачата, изјави по натпреварот Димче Маневски тренер на ФК Превалец.

Екипата на Превалец заврши на четвртата позиција на крај од есенскиот дел на Третата фудбалска лига -Југ со заостанување за лидерот Вардар Неготино од 11 бода .

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: