Пријавите за подметнати бомби во трговските центри и скопските училишта се лажни

Skopski ucilista

Денешните пријави за подметнати бомби во трговските центри, неколку скопски училишта, Железничката станица Скопје, Транспортниот центар, станбено-деловниот комплекс „Флатирон“, како и полициската станица Центар се лажни, потврдија од МВР.

Zito akcija 640x289px

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Пред два дена, исто така беа пријавени лажни дојави за бомби во девет средни училишта во Скопје, но и во Народната банка на Република Северна Македонија. Од 26 октомври годинава па сѐ до денес, ова е по дванаесетти пат да се пријавуваат дојави за бомби, а досега беше утврдено дека сите дојави се лажни.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34694/gorivata-poevtinuvaat-od-35-do-5-denari-za-litar/