Прилеп со нов тренер ќе гостува во Велес против Фруитленд Борец

Fruitlend Borec Alkaloid

Фруитленд Борец утре ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во регуларниот дел. Во Велес ќе гостува екипата на Прилеп, која на овој натпревар доажа со нов шеф на стручниот штаб. На местото на досегашниот тренер, Божидар Мојсов доаѓа Страшо Илиески.

Zito akcija 640x289px

Интересно е тоа што Мојсов е сменет по победата (а не како што обично се случува – по пораз) на неговиот тим дома од 24:23 над Струга, во 20. коло од Супер лигата. Страшо Илиески пак постарите љубители на ракометот добро го памтат со настапите како лево крило за Тутунски Комбинат.

Agria

Овој натпревар нема некое резултатско значење, бидејќи и двете екипи своите натпревари ќе ги продолжат во плеј аутот, а таму ќе се сретнат уште два пати. Сепак со победа на било која екипа ќе си осигура подобро место пред разигрувањето, и со клку бодови ќе стартуваат.

Натпреварот Фруитленд Борец – Прилеп ќе се одигра во спортската сала „Гемиџии“ во Велес со почеток од 18 часот. Судии на овој натпревар ќе бидат браќата Илиевски, Михајло и Методија од Битола.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: