Вчера попладне пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер” од кои 7020 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).
Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.
Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинација на www.vakcinacija.mk – објави вечерва на својот профил министерот за здравство Венко Филипче.
Во однос за влез во Грција, министерот вчера нагласи дека доволни се хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите.
Тој апелираше граѓаните да останат внимателни и покрај стивнувањето на епидемијата.
Досега во Македонија вкупно се аплицирани 315.781 вакцини, со прва доза се вакцинирани 234.508 граѓани, а ревакцинирани 81.273. Со последните бројки, барем една доза вакцина има примено 47 % од пријавеното население над 70 години и 41 % од пријавените над 65 години.
Можеби ќе ве интересира: