Пристигна втората донација од Србија, акт на огромно пријателство кое доаѓа во многу значајно време за нас. Се работи за два пати по 20.000 вакцини од „Спутник В“ кои ги добиваме од пријателска Србија во период кој е многу важен за да продолжи континуитетот на масовната вакцинација во земјата.
Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев по повод пристигнувањето на нова пратка на вакцини пред Институтот за трансфузиона медицина, кој е во составот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Новата пратка вакцини доаѓа откако во неделата во земјава преку Ковакс механзимот пристигнаа 24.000 вакцини од „АстраЗенека“ произведени во Јужна Кореја, како и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници.
Moжеби ќе ве интересира: