Пристигнаа Спутник вакцините, за рускиот амбасадор во земјава тие се светски бестселер

Помалку вакцини, но спакувани во поголема кутија од претходните кои пристигнаа. На скопскиот аеродром поладнево слетаа 3000 дози Спутник Ве, руската вакцина против ковид-19, која земјава ја нарача. Со редовен лет на авион на Ер Србија, преку Де Ха Ел новиот контингент вакцини, наменет за граѓаните на Македонија, го пречекаа лично министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин. Овие вакцини се дел од вкупно нарачаните 200 илјади дози, кои Македонија ги нарача од Русија.

Zito akcija 640x289px

„Вкупно се нарачани 200 илјади дози, станува збор за вакцини кои што се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинацијата, што значи дека сите овие 3.000 дози ќе се користат за прва вакцина. Продолжува процесот на имунизација во делот на здравствените работници и, според индикацијата, на граѓани, онака како што тоа е предвидено во националниот план за имунизација“, рече Венко Филипче, министер за здравство.

Agria

Имунизацијата со оваа вакцина е најавено да почне во среда. Први кои ќе ја примат ќе бидат највозрасните граѓани со хронични болести и оние сместени во домовите за стари лица. Министерот Филипче вели дека освен препораката да не се дава на трудници и доилки, руската вакцина е безбедна. Според амбасадорот Баздникин, вакцината Спутник Ве ќе придонесе за спасување човечки животи и за враќање на македонската економија на траекторијата на раст.

„Спутник В е првата регистрирана вакцина против ковид-19 во светот, базирана на платформа на човечкиот аденовирусен вектор. Вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега со право станува светски бестселер.Сп Северна Македонија, вакцината е регистрирана во 46 земји во светот, вклучувајки и неколку држави во Европската унија“, рече Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската федерација во С. Македонија.

За разлика од Фајзеровите, руските вакцини се чуваат на температура околу -20 степени, а ќе бидат складирани во фрижидерите во пунктот во „Јане Сандански“ во Скопје.

Иако не прецизираше точен датум, министертот Филипче најави дека за кратко време ќе стигнат и останатите 200 илјади дози. Доцнењето го оправада со притисокот кои сите производители на вакцини го имаат од земјите во светот. Покрај ова, се очекуваат и 200 илјади дози кинески вакцини, па со нарачаните од „Астразенека“ вкупно 2 200.000 вакцини треба да стигнат во земјава.

https://www.facebook.com/watch/?v=541011996864434

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: