Притвор за 22-годишник кој се сомничи дека продавал наркотични средства

policija lisici

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Осомничениот, на три различни локации во Куманово, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, како и психотропни супстанци метамфетамин и амфетамин. Во две куќи на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово кои ги користел и во гаража во селото Тромеѓа, полицијата пронашла вкупно 856,6 грама марихуана во различни пакувања, семки од растението канабис, 0,48 грама амфетамин, три таблети метафетамин, мешавина оо кофеин и парацетамол, дигитални ваги и други предмети со траги од наркотична дрога.

Agria

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор кон осомниченото лице​.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/30397/dhaferi-pred-da-obvinuvash-nekogo-prvo-treba-da-se-poglednesh-vo-ogledalo/