Полициски службеници од Полициската станица од Велес го лишиле од слобода А.С.(29) од Гостивар, со престој во Велес. Тој се барал по распишана Централна потерница од ОВР Гостивар, на барање на Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор.
„На 13.03.2022 година полициски службеници од Полициската станица од Велес го лишиле од слобода А.С.(29) од Гостивар, со престој во Велес, по кого била распишана централна потерница од ОВР Гостивар, а на барање на Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор во КПУ Затвор Тетово“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.
Можеби ќе ве интересира: