МВР потврди дека е уапсен насилникот кој тепаше бремена жена и го пренесуваше насилството во живо на ТикТок. Лицето веднаш е однесено во полициска станица.
На Интернет вчера се прошири вознемирувачка снимка на која се гледаше како маж брутално тепа жена во живо на социјалната мрежа, со повик до надлежните итно да реагираат.
„Денес добивме нова дојава од граѓани каде ликов јавно и на во живо ја тепа бремената жена. Видеото е во објавата жената плачи и моли да не ја тепа!!! Лицето е од Радовиш. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи веднаш да го уапси ова лице, бидејќи ова може да има фатални последици по животот на бремената жена. Сите информации се добиени од загрижени граѓани. Ве повикуваме веднаш ваквите насилници врз жени и неродени деца да бидат уапсени!!! Ова е веќе од јавен карактер каде цела јавност гледа ИЗЖИВУВАЊЕ на live!!!“, пишуваше во објавата.
Од ОБСЕ лани објавија дека нивните истражувања покажале како половина од жените во Македонија искусиле некаков вид на насилство во нивниот живот. Посочија дека речиси секоја трета жена во земјава била сексуално малтретирана. Четиринаесет проценти поминале низ физичко или сексуално насилство, а една од 10 искусила демнеење. Потенцираа дека најчесто психолошкото се извршува од партнери, со тоа што 44 проценти од жените страдаат од ваков тип на насилство.