Скопјанец извршувал кражби на територијата на Велес. Тој бил приведен откако бил пријавен од 82 годишен велешанец дека му го одзел паричникот со пари и лични документи.
“На 25.07.2021 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.М.(67) од Скопје затоа што околу 08.30 часот во маркет на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес од П.Д.(82) од Велес одзел паричник со пари и лични документи”, се вели во соопштението на МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: