Приведен српски државјанин – превезувал 28 мигранти

Вчера на автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода К.А.(20) од Прешево, Република Србија, затоа што при преглед во товарно возило „фиат дукато“, со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 28 лица – мигранти, од кои 25 од Куба (20 полнолетни и пет малолетни) и три лица од Индија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Претходно, во 19.20 часот на автопатот на место викано „Нова петла“ во близина на Гевгелија, тој не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија. Во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25842/57-godishen-paczient-od-sveti-nikole-pochina-od-kovid-19-vo-veleshkata-bolnicza/