Вчера, во 13.50 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 27-годишниот С. Т. од Велес, извести МВР.
„При преглед кај него и на мопедот што го управувал биле пронајдени и одземени хероин и марихуана. Исто така, пред лишувањето, на улицата Богдан Каракостев во Велес тој не застанал на знакот за запирање даден од полициски службеници по што се обидел да избега и со мопедот да удри полициски службеник“, соопшти МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: