Кавадаречката полиција приведе 23-годишна кавадарчанка, осомничена дека сторила кривично дело поврзано со предвремените парламентарни избори. кои се одржаа во средата.
Приведената кавадарчанка била член на избирачки одбор на гласачкото место 0687 кое се наоѓа во основното училиште „Димката Ангелот Габерот“ во Кавадарци. Според информации на Батали.нет полицијата ја сомничи дека спротивно на законот, го фотографирала избирачкиот список, а потоа го испраќала во партиски штаб, со цел контрола на излезеноста на гласачите во тоа избирачко место.
„На 16.07.2020 во 17.00 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци била повикана Е.К.(23) од Кавадарци, поради сомнение дека како член на избирачки одбор на гласачко место бр.687 во Кавадарци на 15.07.2020 сторила кривично дело „повреда на тајноста на гласање“. По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Вчера велешкиот портал Дума објави дека поголема група членови на избирачки одбори од Кавадарци, за кои поталот имал информации дека се членови на ВМРО ДПМНЕ е приведена во полициска станица, под сомнение за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласање“.
Можеби ќе ве интересира: