Претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов ќе го повика членството на партијата в понеделник во 12 часот да дојде пред партиското седиште и да го каже своето мислење за кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој претендира да го замени Мицкоски на лидерската позиција во партијата.
Претходно, Јанчев повика на мирен протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на кој ќе бара оставка од партискиот лидер Христијан Мицкоски.
„Јас ќе ја искористам таа прилика на твоето доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе! Можеш и Вице да ни го донесеш. Ќе ве личи. А башка и на него имаме што да му кажеме. Таман вие после повторно заедно ќе си прославите. Ти текнува? Исто ко кога стана потпретседател на ВМРО ДПМНЕ“, напиша Пандов на Фејсбук.
Пандов го повика Јанчев на дебата на било која телевизија, за да поразговараат за ВМРО и за Република Македонија.
Можеби ќе ве интересира: