37-годишен кавадарчанец бил физички нападнат откако две лица не успеале да извршат грабеж во маркетот во кој работел нападнатиот. Тие вчера вечер околу 20:30 часот влегле во маркетот со намера да крадат. Но, откако не успеале во тоа, еден од крадците физички го нападнал вработениот во маркетот.
„На 04.08.2020 околу 20.30 часот С.Д.(37), додека извршувал работни задачи во маркет во Кавадарци, по неуспешен обид за одземање производи од страна на две непознати лица, бил физички нападнат од едното од нив. Се работи на пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Неколку часа подоцна, уште еден кавадарчанец бил нападнат на своето работно место.
„На 05.08.2020 околу 05.30 часот В.К.(48), додека бил на работа како обезбедување во казино во Кавадарци, бил физички нападнат од Л.Ј.(55). Л.Ј. бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, рече Додевски.
Можеби ќе ве интересира: