
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за упадот во Собранието кои се случија на 27 април 2017 година, а помеѓу сведоците беше и поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, кој за случајот е осуден на казна затвор од 18 години.
Тој во судот денеска сведочеше по предлог на одбраната на екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои се меѓу обвинетите за организацијата на настаните од крвавиот четврток.
„Ниту со еден од двајцата ниту со кој било надвор од МВР сум имал комуникација. Единствена таква комуникацуија некаде околу 20 часот и 30 минути беше со Никола Груевски. Ми се јави, се интересираше за состојбите, евидентна беше неговата загруженост. Кога Груевски се јави, имавме полициски формациски сили кои беа консолидирани и се применуваа средства за присила, беа исфрлени повеќе шок-бомби, тогаш веќе ја имавме ситуацијатга под контрола, па потоа течеше процесот на евакуација“, сведочеше поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков.
На прашање од судечкиот совет, дали се познава со Ниња и Киљо рече дека ги знае само по прекар, но никогаш лично не се запознал, иако знаел дека биле дел од како што рече тој криминалното миље.
Тој додаде дека бил член на ВМРО-ДПМНЕ, но никогаш не извршувал било каква функција во партијата.
Можеби ќе ве интересира: