Продолжува да се намалува бројот на хоспитализирани од ковид-19 во велешката болница

Veleska bolnica 997x485

Бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница и денеска е во опаѓање. Оттаму велат дека на двете одделенија на кои се лекуваат заразени со коронавирус има вкупно 36 пациенти. Од нив 25 се со потврден позитивен тест, еден е сомнителен, а 10 пациенти имаат негативни тестови, но се задржани на болничко лекување.

Zito akcija 640x289px

На инфективното одделение се сместени 31 пациент кои се лекуваат од ковид-19, што значи дека во моментов има 23 слободни кревети. На интерното одделение се хоспитализирани пет пациенти. Четворица оздравени, со по еден негативен брис, денеска се испишани од болница.

Agria

Драстично е намален и бројот на пациенти со петешки симптоми, откако денеска на кислородна поддршка се 12 пациенти.

Од почетокот на пандемијата досега во Велес се регистрирани 2655 случаи со коронавирус, од кои 2017 оздравеа, 85 ја загубија битката со вирусот, а активни се 540 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16892/vlada-bremenite-zheni-ostanuvaat-doma-do-zavrshuvaneto-na-pandemijata/