И денес во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).
Температурите ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени минимални, додека дневните ќе достигнат од 12 до 19 степени Целзиусови.
Во Велес се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладнево, можно е да се појави нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 8 степени, а максималната ќе се искачи до 17 степени Целзиусови.