Продолжува судењето за убиствата на Вања и на Панче

Со читање на двата исказа што третообвинетиот Боре Видевки од Велес ги дал пред јавен обвинител во истрагата денеска во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за грабнувањата и за свирепите убиства на 74-годишниот Панче Жежовски и на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Потоа Видевски ќе го испрашуваат адвокатите на останатите обвинети и судијата Ивица Стефановски.

Zito akcija 640x289px

На минатото рочиште, Боре Видевски, еден од обинетите за грабнувањата и грозоморните убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес негираше било каква вмешаност во планирање на убиствата.  Во Кривичниот суд кажа дека снимките кои изминатиов период беа презентирани во судницата од страна на Обвинителството всушност не се од грабнувањето на Панче Жежовски. Според Видевски, сакале да го одбранат менувањето на името на МПЦ и за таа цел имале задача да соберат најмалку 150 000 потписи од цела држава и да се прават литии низ градовите, а првата литија тебало да биде во Велес.

Agria

Дента кога е киднапиран и убиен Жежовски тврдеше дека бил на работа иако не знаеше дали некој од колегите го видел, а на 27 ноември 2023 кога е киднапирана и убиена Вања, рече дека по преспиената ноќ во просториите на Десна си замнинал за Велес пред 10 часот. Мобилниот телефон уште од претходниот ден не го носел со себе.

По Видевки, искази ќе даваат Кешишев, Ѓорчевски и првообвинетиот Палевски, а потоа ќе следува дополнение на доказната постапка. Според обвинението Палевски, Манев, Видевски и Кешишов ја грабнале 14-годишната Ѓорчевска за да присилат член на нејзиното семејство да даде откуп, но ја убиле. Жежовски го грабнале и го убиле за да му го земат „цитроенот“, кој им требал за грабнувањето на девојчето.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: