Претстојниот викенд продолжуваат натпреварите од МФЛ.
Натпреварите првично беа закажани за 31. октомври и 1. ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамки на федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од “Ковид 19”.
Фудбалската федерација на Македонија ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од МФЛ.
В сабота и недела ќе се одиграат натпреварите од 11. коло во ПМФЛ, како и дуелите од 10. коло во ВМФЛ кои беа планирани за изминатиот викенд.
Борец го пречекува Пелистер на стадионот „Зоран Паунов“ во сабота 07.11.2020. Натпреварот започнува во 13 и 30 часот.
Можеби ќе ве интересира: