Професори од велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“ во посета на неколку музички институции во Италија

Професорот по пијано од велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“ Илија Настовски е прогласен за почесен член на музичката организација „Алма Франц Лист пијано компетишн“ од италијанскиот град Гротамаре. Оваа вест тој ја доби при посетата на Италија, кога со свои колеги престојуваше во Асколи во рамките на ЕУ програмата „Еразмус“.

Zito akcija 640x289px

„Овие денови многу го развивме културниот живот во градот во поглед на музичката уметност. Колегите од партнерското училиште ‘Музички институт Гаспаре Спонтини’ се благодарни што за прв пат во нивната практика користат можност да се запознаат со начините на имплементација на музичката наобразба во Македонија, но и ние имаме што да научиме од нивните корисни практики“, рече професор Илија Настовски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Посетата на делегацијата од велешкото музичко училиште, во која освен Настовски, се и директорката Светлана Ташева и професорот Игор Андреевски, предизвика големо внимание во локалните медиуми во областа Марче. Велешките професори беа примени од градоначалникот на областа Марче – Асколи Пикено, кој во четвртокот организираше нивни концерт во прочуениот театар „Вендито Басо“, каде што настапувале многу познати пијанисти, меѓу кои и најпознатата светска пијанистка Марта Аргерич.

Содржината продолжува под рекламата

Утре (10 април) велешките музичари ќе настапат како специјални годти на концерт на имотот на прочуената професорка на академијата во Анкона, Сара Торкати.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29065/promovirano-prvoto-delo-na-veleshkata-profesorka-tatjana-trchkova/