Претседателски кандидат на Левица ќе биде професорката Билјана Ванковска, соопшти денес лидерот на партијата, Димитар Апасиев. Додаде дека тој и сопартијците како млади политичари чувствувале должност да извадат свој кандидат за претседателски избори.
Содржината продолжува под рекламата
Ванковска рече дека за неа довербата од Левица ѝ причини задоволство и е благодарна на партијата, затоа што, како што нагласи, нејзините погледи на сегашноста во македонското општество, па и пошироко, се поклопуваат со тие на Левица.
Содржината продолжува под рекламата
Универзитетската професорка Билјана Ванковска и пред 10 години се обиде како независен кандидат да влезе во оваа постапка. Таа во март 2014 година не успеа да ги собере потребните 10.000 потписи за да стане кандидат за претседателските избори.
Можеби ќе ве интересира: