Полициски службеници на СВР Велес, вчера во 15.10 часот ги привеле 30-годишната М.А., П.Т.(34) и Б.А.(42), сите од Велес, соопштија денеска од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
„При претрес во домот на М.А., извршен со наредба од Основен суд Велес, каде биле затекнати П.Т. и Б.А., биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, таблети и дигитална вага“, стои во соопштението.
Содржината продолжува под рекламата
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: