Промена на временските услови, се очекува голем пад на температурите

Veles noemvri
Veles noemvri

Метеоролозите најавуваат дека во следните денови под влијание на циклонска активност во Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни.

Денеска се очекува да има врнежи од дожд особено во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка.

Agria

Минималната температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а максималаната дневна од од 2 до 11.

За време на викендот ќе имаме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималаната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималаната од 11 до 16.

Од УХМР информираат дека од вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурите.Минималаната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а макасималаната дневна од 3 до 10 степени.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: