Денешниот ден ќе донесе променливо облачно и нестабилно време низ целата држава. Повремени врнежи од дожд се очекуваат особено во попладневните часови, а локално постои можност за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Количината на врнежи на одредени локации може да надмине 15 литри на квадратен метар за краток временски период.
Температурите ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени минимални, додека дневните ќе достигнат од 12 до 18 степени Целзиусови.
Во Велес се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладнево, можно е да се појави нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 8 степени, а максималната ќе се искачи до 17 степени Целзиусови.