Променливо облачно со повремен дожд

Veles Noemvri 2023

Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремен дожд. 

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните и во вечерните часови вдолж Повардарието ќе засилува. Утринската температура ќе биде од минус еден до пет Целзиусиви степени, а во текот на денот од 9 до 16 Целзиусиви степени.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во Велес, во претпладневните часови ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб ветер. Наутро темпертурата ќе биде два степени, а во текот на денот ќе се искачи до 11 Целзиусиви степени.

Можеби ќе ве интересира: