Променливо облачно со повремени врнежи од дожд во западните делови, особено претпладне. Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец (наместа над 70 km/h).
Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 8 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 17 степени.
Времето во Велес ќе биде променливо облачно, а од попладне со повремен дожд кој ќе продолжи во текот на ноќта, кога ќе биде пообилен во делови од котлината. Ќе дува повремено засилен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 2 до максимални 16 степени.