Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (од 10 до 15 л/м2). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 Целзиусови степени.
Во Велес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.