Времето денеска променливо облачно со локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Денес ќе дува и засилен ветер од јужен правец особено во Пелагонија и во североисточниот дел од земјата.
Текстот продолжува под рекламата
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени. УВ индексот изнесува UV=7.
Текстот продолжува под рекламата
Во Велес променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 31 степен.
Можеби ќе ве интересира: