Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура, како и во претходните денови, ќе се движи во интервал од пет до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 28 степени.
За Велес синоптичарите прогнозираат слично време, односно променливо облачно со сончеви период и умерен ветер од југозападен правец. Дневната температура ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.