Променливо облачно со сончеви периоди – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 8 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 15 до 26 степени.
Времето во Велес ќе биде сончево со умерена облачност во претпладневните часови, а попладне облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд. Ќе дува умерен и повремено засилен југоисточен ветер. Температурата денеска ќе се движи од минимални 6 до максимални 26 степени.