Времето денес ќе биде променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Северна Македонија.
Утринската температура во земјава ќе се спушти во интервалот од 14 до 21, а највисоката температура ќе достигне од 29 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои насекаде ќе бидат над 38 степени.
Можеби ќе ве интересира: